Тартуфите и кавијарот се познати кулинарски специјалитети, чија цена по грам достигнува астрономска вредност, но во Данска таква цена имаат посебна сорта на компири.

Сезонскиот компир одгледан на туристичкиот остров Самса се нуди по цена од 155 долари, по килограм, објави локалната туристичка заедница.

Во описот се вели дека златно-жолтите глуварчиња од земјата се ископуваат многу внимателно, а експертите велат дека овој вид на компир има препознатливи карактеристики. Тоа значи дека при консумирањето може да се осети специфична комбинација на вкусови, кои зависат од географските и климатските параметри, важни за единственоста на сортата.

Земјоделците и агрономите на Самса се натпреваруваат, кој прв ќе набере зрели компири. Тоа бара посебна вештина и стрпливост бидејќи треба прецизно да се одреди моментот на ископување на овој зеленчук.