Компанијата „Волт Дизни“, за да заштеди половина милијарда долари месечно, трошоци за работењето на своите хотели и тематски паркови, кои се затворени поради пандемијата на коронавирусот, одлучи на 100.000 свои работници да не им исплатува плати.

Како што објави порталот „Инвестинг.ком“, со одлуката се опфатени половина од вкупниот број вработени, а соопштено е дека иако нема да им даваат плата, ќе им се плаќаат трошоците за здравствено осигурување.
Забавните паркови „Дизни“ во Европа и во САД, кои лани остварија околу половина од оперативниот профит на целата компанија, последниов месец се затворени, додека оние во Кина повторно се отворени, но засега, имаат многу помал број посетители од вообичаено.

Менаџментот на „Дизни“ се откажа од фиксната плата до крајот на годината, но и натаму смета на бонусите што се однесуваат на вредноста на акциите, што го сочинуваат поголемиот дел од примањата на членовите на управата на компанијата.