По речиси еден месец од трагичната смрт на легендата на Лос Анџелес Лејкерс, денеска се одржува комеморацијата во чест на кошаркарот Коби Брајант, а илјадници обожаватели се собраат пред „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес.
Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џијана, беа меѓу жртвите кои го загубија животот во трагичната хеликоптерска несреќа на 26 јануари годинава.

Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и Џиџи беа тајно погребани, а денеска во „Стејплс центарот“ во тек е комеморација за трагично загинатите.
24 февруари беше одбран за ден за сеќавање на Коби и Џиџи, бидејќи во еден период од кариерата Брајант го носеше дресот со бројот 24, а за Џиџи беше резервиран дресот со бројот 2.