Научниците од универзитетот „Јејл“ спроведоа истражување, кое докажало дека оброците што содржат маснотии и јаглехидрати нè задоволуваат повеќе од оброците во кои преовладува само еден од нив.
Центарот во мозокот што служи за „наградување“ ја оценува храната што содржи комбинација од масти и јаглехидрати како подобра, затоа што сме навикнати на општото верување дека таквата комбинација обезбедува најмногу калории.
– Нашето истражување потврди дека мозокот ја преценува енергетската вредност на храната кога овие две хранливи состојки се комбинираат – објаснува водачката на истражувањето Дана Смол.

На испитаниците им биле прикажани исто така и слики од храна што содржи шеќер, масти, протеини, јаглехидрати во различни пропорции и храна во која се комбинираат масти и јаглехидрати. Поголемиот дел од испитаници биле подготвени да платат повисока сума за комбинираниот оброк, а скенирањето на мозокот покажало дека центарот за наградување се активирал претежно на оброци со масти и јаглехидрати, па дури и повеќе отколку на омилената храна на секој испитаник.

Таквата храна е најчесто брза храна, бидејќи мастите и јаглехидратите заедно не постојат природно во една храна. Се покажало дека пиците и плескавиците дејствуваат на мозокот како дрога, што се гледало од реакциите на центарот во мозокот. Оваа студија е доказ дека модерната храна доведува до голема криза на дебелина, а луѓето треба да бидат свесни за своите одлуки во исхраната.