Комбинацијата на чорапи и сандали е повторно во тренд, судејќи според објавите на социјалните мрежи, но и според новите колекции на водечките модни брендови.
Иако оваа комбинација честопати се сметаше за невкусна, многу модни брендови решија да ја негираат оваа година. Почнувајќи од модните кампањи на брендот „Гучи“, преку „Прада“, „Диор“ до „Фенди“, чорапите и сандалите се хит на летната сезона 2021 година.
Откако голем број познати личности, како што е пејачката Ријана, моделката Кендал Џенер и актерката Софи Тарнер, го прифатија овој моден тренд, се чини дека чорапите се враќаат на голема врата.
Сандалите со чорапи не се нов феномен, меѓутоа, оваа сезона, со „одобрувањето“ на социјалните мрежи, тие добија многу повеќе поддржувачи отколку претходните години.