Режисерот на новиот филм за Бетмен, Мет Ривс, конечно потврди дека Колин Фарел ќе го глуми ликот на Пингвин.

Филмот во моментот се снима, а фотографии од сетот се појавија на Твитер. Колин се гледа на една од нив, по што Ривс веднаш ја потврди неговата улога.

Новиот „Бетмен“ се снима под називот „Одмазда“, а покрај Колин, во филмот глумат Роберт Патинсон во улогата на Бетмен, Пол Дано како Ридлер, Џон Туртуро како Карман Фалкон, Зое Кравиц како Кетвоман. Исто така, глумат и Џефри Рајт како Џејмс Гордон и Енди Серкис, кој го игра батлерот Алфред Пениворт.

Филмот во кината ќе почне да се прикажува дури во јуни 2021 година.