Познатото шимпанзо Коко кое 10 години се ресоцијализираше во Холандија, повторно е во својот дом во скопската Зоолошка градина. Коко вчера пристигна во Скопје со уште три шимпанза – Мими, Роси и Хјасл со кои ќе го дели живеалиштето. Живеалиштето на шимпанзата има голем внатрешен и надворешен дел и е збогатено со голем број реквизити. Коко, Мими, Роси и Хјасл од карантинот, денеска беа префрлени во големиот внатрешен објект и се запознаа со својот нов дом.