„Кока-кола“ за прв пат по речиси една деценија ќе понуди два нови овошни вкусови. По успешното тестирање на вкусовите во Канада, новите два вкуса „Оранџ ванила“ и „Оранџ ванила без шеќер“ ќе бидат пуштени во продажба на 25 февруари.

Иако ова е прв пат вкусовите да бидат достапни во САД, луѓе веќе два месеца споделуваат фотографии на Интернет тврдејќи дека ги имаат пробано новите вкусови. Сепак, не е познато како тие го добиле пијалокот. 

– Новите вкусови не се толку базирани на портокал, тие повеќе мирисаат на ванила. Доколку ја сакате класичната верзија на Кока-кола, ќе го сакате и овој вкус – сподели еден од луѓето кои ги имаат тестирано новите вкусови.