Животни

Вашата мачка е љубопитна и сака да го истражува секој агол од домот. Меѓутоа, на тој начин може да дојде до опасни производи што ќе ѝ наштетат. Затоа треба да обрнете посебно внимание на некои работи.
Лекови: антидепресиви, апчиња за диети, витамини, цетаминофен, аспирин, ибупрофен и други лекови против болка чувајте што е можно подалеку од вашата мачка. Можеби веќе сте слушнале дека некои лекови може да ги користат и луѓето и мачките. Но никогаш не давајте им ништо без претходно да разговарате со ветеринар, бидејќи може да биде фатално.
Храна за луѓе: вашата мачка може да побара да ги јаде намирниците што ги гледа во вашиот оброк, но некои од нив се особено штетни: алкохол, кофеин (кафе, газирани пијалаци, чај), кромид и лук, чоколадо, грозје, ксилитол (се наоѓа во бонбоните и гумите за џвакање) и квасец.
Домашни растенија: на здравјето на мачките може да влијаат навидум безопасните растенија алое вера, азалеа, хризантеми, зумбули, темјанушки, имела и лалиња.
Инсектициди и други хемикалии: некои од нив може да им бидат вкусни на мачките. Задолжително држете ги заклучени: антифриз, белило, детергенти, соли за одмрзнување, ѓубрива, хербициди и средства за инсекти и глодачи.
Дополнителни опасности: внимавајте на вообичаените предмети за домаќинство што може да предизвикаат задушување на мачката, како забен конец, украси, вклучувајќи и светла и нитни, играчки составени од ситни делови. Некои од знаците на труење се: проблеми со дишењето, дијареја, проширени зеници, консумирање повеќе вода и често мокрење, треперење, иритирана кожа и повраќање.