Онлајн купувањето за мнoгумина претставува уживање, пред сѐ бидејќи не сe чека во редови, пребарувањето е едноставно и нема вработени што го следат секој ваш чекор. Но има и такви што повеќе го сакаат традиционалниот начин на купување, а таа можност на избор е добра, бидејќи постојат козметички производи што не би требало да се порачуваат преку интернет.

Магазинот „Ридерс дигест“ пишува дека не треба да сe порачуваат козметички производи што дотогаш не сте ги употребувале. Тоа пред сѐ се однесува на пудри и коректори, бидејќи не можете да бидете сигурни дека нијансата ќе ви одговара. Од друга страна, некогаш е важно да ја почувствувате текстурата под прстите, особено кога се работи за креони, сенки за очи, па дури и за бронзери. Меѓутоа, тоа не е можно доколку првпат испробувате некој производ.

Освен тоа, треба да внимавате и на можноста да ја вратите шминката, што во повеќето случаи не е можно, откако сте ги отвориле пратките, иако не сте задоволни. Одделни производи имаат посебно осмислен печат како гаранција за безбедноста на производот. Со други зборови, најдобро е доколку сепак купувате преку интернет, да го купувате само она за што сте сигурни дека му одговара на вашето лице и тело.