Дали знаевте дека кога гледате виножито, гледате само дел од сликата? Виножитото навистина не е „лак“, туку круг делумно навлечен под хоризонтот, а обично може да го видите на Хаваи, остров што е светска престолнина на виножитото. Покрај тоа што е многу честа глетка на небото, виножитото на Хаваи е неразделно поврзано со културата и традицијата. Научниците од универзитетот „Хаваи“ во Маноа истражувале зошто овој остров во Тихи Океан е погодно за тој оптички феномен.
Во хавајската митологија, виножитото игра многу важна улога и е поврзано со боговите. Тие се нарекуваат Анеунес според божицата Анеуне. Таа го користела виножитото како пат помеѓу небото и земјата, таа била гласник меѓу човекот и боговите. Според нивните верувања, виножитото исто така му го отвора патот на починатиот кон небото.
Теоријата, пак, на научниците тврди дека виножитото на Хаваи е спектакуларно поради исклучително чистиот воздух и пасат-ветровите што дуваат цела година и носат дожд на Хаваи. Релативно изолирани дождови се потребни за формирање на виножитото, како и можност за влегување сончева светлина од страна.
– На Хаваи, планините дополнително ги интензивираат овие врнежи. Хонолулу е одлично место за набљудување на виножитото затоа што е во заветрина и обезбедува прекрасен поглед на планините каде што се појавуваат дождови и виножита. Најчесто се гледа во попладневните часови, кога заоѓа сонцето и виножитото изгреваат на исток – изјави Стивен Бусинџер.
Она што е добро на Хавајските Острови е што без разлика по кој пат ќе одите, нема да го промашите виножитото, бидејќи го има насекаде.