Одењето во кино не е многу забавно за глувите луѓе. Проекциите на филмови со натписи се ограничени, а специјалните очила и опрема потребни за нивно читање често се скршени или недостапни.
„Кода“, приказна за полнолетството на единствениот член што слуша во семејството на глуви, ќе го промени ова кога ќе се прикаже со отворени натписи за кои нема потреба од специјална опрема во сите киносали во САД и Велика Британија, почнувајќи од петок.
– Не може да биде пореволуционерно, исто како што самиот филм е револуционерен во поддршката на заедницата на глуви и наглуви лица – вели Марли Матлин, која глуми глувонема мајка во филмот.
Таа е единствен глув актер/актерка што некогаш освоил „оскар“ за најдобра женска улога во „Деца на помалиот бог“ во 1987 година.
„Кода“, инаку акроним на англиски јазик за дете на глуви родители, освои четири награди на филмскиот фестивал „Санденс“ оваа година. Исто така, од петок ќе се емитува со целосни преводи (титлови) на повеќе од 36 јазици на Епл ТВ плус.