Брижит Бардо

Не постои недостаток на глумци кои се подготвени да ги заменат филмските платна со политиката. Па така, магазинот „Политико“ ги издвои најдобрите глумци кои на еден или друг начин биле вклучени во политика.

Во САД, постојат повеќе случаи кога глумците многу успешно ја трансформирале својата кариера и станале политичари. Дел од примерите се Арнолд Шварценегер кој улогата на „Терминатор“ ја замени за Гувернер, Клинт Иствуд стана градоначалник на Кармел, а Џеси Вентура на Минесота. Пред извесно време, се појавија шпекулации дека глумецот Двејн Џонсон има намера да се кандидира на претседателските избори во САД во 2020 година, но тој ги отфли тие кажувања, само поради тоа што бил „презафатен“.

Голем број на глумци и јавни личности често пати се блиски пријатели со високи политички функционери на различни земји во светот. На пример, легендарниот глумец Чак Норис минатиот месец се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и тие заедно ги проследија вежбите на анти-терористичките единици на оваа земја. Познато е дека Норис ја поддржува конзервативната политика на Орбан, а тој за вежбата која ја проследил изјавил дека ова е една од најдобрите демонстрации која ја видел во својот живот.

Виктор Орбан и Чак Норис

Уште едно познато пријателсто на политичар и глумец е пријателството на претседателот на Русија, Владимир Путин и акциониот глумец Стивен Сегал. Во август, Сегал беше назначен како специјален претставник на Русија за подобрување на хуманитарните односи меѓу оваа земја и САД. Министерството за надворешни работи на Русија изјави дека мисијата на Сегал е да ги подобри одности меѓу двете земји на полето на хуманитарната работа, соработката во културата и уметноста. Сегал има руско потекло по баба му која е родена во Владивосток, а од ноември 2016 година има и руско државјанство.

Владимир Путин и Стивен Сегал

Памела Андерсон во 90-тите беше позната по улогата во екстра-популарната серија „Бејвоч“. Од тогаш до денес, нејзината политичка активност е зголемена, па така таа јавно го критикуваше договорот за Брегзит, но застана и на страната на сепаратистичкото движење во Каталонија, а владата на Шпанија ја опиша како „тотално идиотска“.

Други глумци кои на некои начин се обиделе да влезат во политиката се искусните Шон Конери и Мајкл Кејн, а 84-годишната Бржит Бардо ги поддржа „жолтите елеци“ во Франција и ги критикуваше одлуките на францускиот прeтседател Емануел Макрон. Бардо претходно се има соочено со големи казни за говор на омраза против против муслиманите, а пред претседателските избори во Франција ги повикуваше луѓето да гласаат за Ле Пен и против Макрон.