По неколкумесечните катастрофални пожари што уништија повеќе од еден милион хектари земја во Австралија, конечно доаѓа една позитивна вест оттаму. Коалите полека се враќаат во дивината, додека светот е во вонредна состојба поради пандемијата на коронавирусот.

Четири возрасни коали и едно младенче беа пуштени во Националниот парк Канангра-Бојд во Нов Јужен Велс. Тие се првите три од вкупно 12 коали спасени од регионот на Сините Планини за време на шумскиот пожар, кои беа под заштита на зоолошката градина „Таронга“ од јануари. Преостанатите коали, исто така, ќе бидат ослободени во дивината наскоро.

Се проценува дека дури 10 илјади коали загинаа во пожарите и за време на сушата, што е третина од нивната вкупна популација во Нов Јужен Велс. Болниците наменети за коали третираа многу животни поради изгореници и дехидрираност. Ветеринарите на зоолошката градина „Таронга“ третирале повеќе од 100 коали во две болници, како и на терен.