Новите сознанија за Вилијам Шекспир ќе бидат објавени во книга до крајот на годинава, а најконтроверзното откритие е дека во текот на 34-годишниот брак со Ен Хатавеј славниот писател имал врски со мажи и со жени.
Професорот Стенли Велс и докторот Пол Едмондсон детално анализирале 154 сонети на Шекспир од 1609 година и уште неколку од 1.578, пишува „Индипендент“.
Тие заклучиле дека поетот некои до своите песни им ги посветил на мажи, а други на жени. Поради тоа тие сметаат дека бил бисексуалец.

Веќе долго време се верува дека Шекспир бил хомосексуалец, но Велс и Едмондсон велат дека тоа е малку веројатно, бидејќи тој сепак имал долгогодишна сопруга и деца со неа.
Меѓу академиците Шекспировата сексуалност секогаш била интересна тема. Последен пат кога беше отворена дебата за тоа, учествувал и професорот Велс, кој тогаш ги побил тврдењата на еден од учесниците, кој сметал дека Вилијам Шекспир бил хомосексуалец.