Книгата „Девојки со кои не треба да се жените: Опомени и совети“ од 1923 година од издавачката куќа Славиjа (Виена/Белград/Загреб) деновиве го привлече вниманието на социјалните мрежи. Во книгата авторот (Р. Герлинг) им дава совети на момчињата што сакаат да се оженат и укажува на карактеристики на девојки што не се соодветни за земање.

– Оваа книга содржи опомени и совети за првата љубов, ги опишува недостатоците, доблестите и способностите на младите што се спремни за брачен живот – се наведува на почетокот на книгата.

Исто така, стои и напомена дека книгата е преведена на неколку јазици и дека е продадена во 200.000 примероци.

Книгата нуди бизарни совети за тоа како да се избере девојка за брак и на што посебно да се обрне внимание.

Мажот не треба да се жени со девојка од семејство:

  1. Каде што нема машки наследник

2. Која има густи влакна на телото

3. Која има хемороиди, лошо варење на храната, отечени нозе.

Ама, затоа, мажот може да се ожени со девојка што има неколку сестри. Ако е единица, тоа значи дека има слаби родители и дека тоа е семејство што изумира, се наведува во книгата.

Авторот предупредува и за жени чија интелигенција е еднаква на нула. Илустрацијата има наслов: „Шест профили на глупави девојки“.