Џорџ Клуни има репутација на шегаџија за време на снимањето на неговите филмови, што може да се забележи и во неговиот стил на родителство, објавува „Дејли мејл“.

Педесет и деветгодишниот Клуни откри дека ги мами своите деца за да веруваат дека разговараат со Дедо Мраз, со цел да ги научи како да се однесуваат за Божиќ, во онлајн интервју за „Лејт шоу“ со Стивен Колбер во петокот, по повод премиерното прикажување на својот нов филм на „Нетфликс“.

Клуни во интервјуто од неговиот дом во Лондон се пошегува дека се обидува да ги спречи своите деца целосно да се асимилираат како Британци, бидејќи тригодишните близнаци Александар и Ела сакале да остават млеко и пита со мелено месо за Дедо Мраз, наместо млеко и колачиња.

Поради тоа „смислил начин“ како да ги мами своите деца за време на престојниот празник.

– Наутро кога ќе чујам дека се будни, а спијат во иста соба, јас стојам пред вратата и велам Ај здраво Дедо Мраз, а потоа Дедо Мраз потврдува со Хо, хо, хо – објаснува Клуни, додавајќи дека вели и „што правиш тука Дедо Мраз“, на што потоа се преправа оти Дедо Мраз одговара „само сакам да се осигурам дека ова се добри деца“.

По ова се слуша како децата одговараат „добри сме Дедо Мраз! Ние сме добри!“. Клуни вели дека тогаш тој заминува и децата излегуваат и се однесуваат многу добро.

Додека овој трик успева за божиќните празници, Клуни веќе се размислува да смисли како да се подготви за Велигден.

– Загрижен сум за велигденското зајаче, затоа што не сум баш сигурен како звучи – се пошегувал Клуни.

Тој објаснил дека е во Лондон затоа што требало да има драјвин премиера на неговиот нов филм „Полноќно небо“.

– Кога слетав ме информираа дека е воведено ниво 3 поради ковид-19, според кое треба да бидам во карантин две недели – додал Клуни.

Со него во карантин е и сопругата Амал и затоа Клуни вели дека сè е добро.

Клуни глуми и го режира „Небо на полноќ“, во неговиот седми филм како режисер, кој премиерно ќе биде пуштен на 23 декември на „Нетфликс“.