Држава: Канада
Провинција: Британска Колумбија
Површина: 38 хектари

Клилук е необично солено езеро, кое се наоѓа во близината на градот Осојус во канадската провинција Британска Колумбија. Познато е не само по својата единствена убавина туку и по лековитоста, бидејќи важи за едно од најбогатите извори на магнезиум, калциум и натриум сулфат на Земјата, а во неговите води има и мали дози сребро и титаниум.

Ова езеро, кое го нарекуваат и дамчесто, е едноречно, нема утока, а водата ја добива исклучиво од врнежите и од стопениот снег. А во текот на летото, кога водата ќе испари, во него остануваат минералите, кои формираат кружни базени во бела, жолта, сина и зелена боја, во зависност од видот на наталожените кристализирани минерали.
Староседелците од долината Оканген, го сметаат езерото за свето место. Инаку, лековитите својства на езерото се познати веќе илјадници години, а Индијанците го користеле за лекување разни болести. Наводно, дури и завојуваните племиња имале договор за ненапаѓање во близината на езерото и негово слободно користење.

За време на Втората светска војна минералите од езерото се користеле за правење муниција. Тогаш од езерото било можно да се извади и еден тон сол дневно.
Денеска езерото Клилук е приватна сопственост на староседелците, кои го откупиле со намера да го зачуваат од експлоатација, а туристите само од далечина можат да се воодушевуваат на неговата убавина.