Се чини како обожавателите да не можат да одолеат на актерот Кијану Ривс, а како што изгледа, на него не може да одолее ни филмското студио „Марвел Студиос“, пренесуваат светските медиуми.

Ривс кој беше еден од најплатените актери во 90-тите години, а како да исчезна од центарот на вниманието на јавноста во текот на 2000-тите, периодов доживува зголемување на популарноста, поради низата од успешни филмови во кои глуми.

Најактуелните филмови во кои глуми Ривс се „Џон Вик 3: Парабелум“ како и „Приказна за играчките 4“. Кога станува збор за гејминг-индустријата, обожавателите на игри полудеа кога Ривс ненајавено се појави на конференцијата за видео-играта „Сајберпанк 2077“.

Кијану Ривс во „Сајберпанк 2077“

Неговите успешни улоги, како и добрите приказни за него во вистинскиот живот, ја зголемија популарноста на актерот на Интернет. Филмското студио „Марвел Студиос“ исто така ја забележа популарноста на Ривс.

– Зборувавме со Ривс за речиси секој филм што го снимивме, обидувајќи се да му дадеме улога. Не знаеме кога, но и дали воопшто Ривс ќе се приклучи на филмовите на „Марвел стрип-универзумот“, но знаеме дека би сакале да го пронајдеме вистинскиот начин за да го изведеме тоа – велат од „Марвел Студиос“.

Актерот познат по скромонста во приватниот живот, изјави дека не знаел оти ужива голема популарност кај обожавателите, односно дека неговата популарност на Интернет се зголемила во толку голема мера.