Холивудскиот актер Кијану Ривс (55) беше снимен на вечера во Лос Анџелес со Александра Грант (46), но тоа не е првпат да биде „фатен“ во нејзино друштво.

Неколку месеци порано, папараците го снимија по вечерата во елитен ресторан, но многумина дури помислија дека тоа е случајност поради прославата на која има многу холивудски sвезди.

Овој пат секако не е случајност, барем така велат странските медиуми, а обожавателите на омилениот Ривс не се многу задоволни од неговиот избор, па некои рекоа дека тој „можел да направи и подобар избор“.

Александра се занимава со сликарство, скулптура, фотографија и разни уметности.