Китот белуга, кој стана светска сензација откако се појавија сомнежи оти шпионира за Русија, пребегал во Норвешка, објавува „Гардијан“. Китот бил забележан од локалците на само неколку километри од малото норвешко пристаниште Туфјорд.

Причина за сомнеж преставуваше мрежа забележана околу устата на китот, на која што биле испечатени зборовите „Опрема на Санкт Петербург“. Ваквата појава претставуваше повод за бројни шопекулации, според кои во мрежата се скриени камера или оружје.

– Него му е толку многу удобно со луѓе, па доаѓа веднаш штом ќе го повикаш – изјавила Лин Сетер, жителка на Туфјорд, додавајќи дека локалното население дури и можело да го погали „рускиот шпион“.

– Белугата со радост се врти и ги зема пластичните прстени, пред да доплива со отворена уста чекајќи риба како награда. Искуството е прекрасно, но истовремено и трагично. Јасно е дека китот е навикнат да му се даваат команди. Реагира кога ќе го повикаш и кога ќе почнеш да прскаш со рацете во вода. Очигледно е дека е трениран да фати и да донесе назад се што ќе му се фрли – вели Сетер.