Холивудската ѕвезда Камерон Даглас го сликаше својот 101-годишен дедо, легендарниот актер Кирк Даглас, со најмладиот член од семејството Даглас – осуммесечната правнука Луа Изи и фотографијата ја објави на Инстаграм.

Тие двајцата гледаат еден кон друг. Кирк седи во фотелја, а девојчето седи на подот и посегнува по својот прадедо. Таа всушност е и крстена по него, оти тој се родил како Исур Даниеловиќ.

Mинатиот декември, истиот месец кога Изи се роди, Кирк го прослави 101-от роденден.

Освен таткото на Камерон (39), Мајкл Даглас (73), Кирк со поранешната сопруга Дијана, има уште еден син – Џоел (71).

Од вториот брак со Ани Бујденс (99), тој го има синот Питер (62), и ќерка – Ерика, која почина на 47 години поради предозирање со лекови.