Кинески научници пронајдоа фосилизиран трилобит во провинцијата Шандунг, кој датира од пред 500 милиони години, објави кинеската новинска агенција „Синхуа“.
Институтот за геологија и палеонтологија во Нанџинг при Кинеската академија на науките соопшти дека трилобитот е долг четири сантиметри, наречен е „фантаспис ауратус“, а се карактеризира со глава со издолжен преден дел со двојно зашилена форма што личи на зајачки уши.
Трилобитите се изумрени морски членконоги што живееле во океаните пред околу 520 милиони до 250 милиони години.
– Првпат гледаме трилобит со таков чуден изглед. Невообичаената форма на главата би можело да му помогне во ловењето храна или да ги збуни неговите природни непријатели – вели истражувачот на институтот Жао Фангченг.
Студијата неодамна беше објавена во научното списание „Акта пелионтолоџика полоника“.