Илјадници години алхемичарите се обидуваат обичен метал да претворат во скапоцен метал, пред се во злато.

Кинеските научници најверојатно успеаја во тоа.

Група научници од Институтот за физичка хемија Далијан објавија истражување во списанието „Сајанс адвансес“ (Science Advances), каде ја објаснуваат постапката со која успеале бакар да претворат во материјал, кој „речиси е идентичен“ на златото и среброто.

Металот што е добиен со експериментот може да служи како катализатор за реакција при производството на алкохол од јаглен, нешто што само можат да го постигнат благородните метали, како златото.

Во научниот труд се истакнува дека новиот материјал на база на евтин бакар може да го замени скапото злато и сребро во производството на електронските уреди.