За првпат со технологијата „ЦРИСПР“ за скрининг заснован на гените, идентификуван е нов двигател на клеточното стареење. Тоа може да биде дел од новите стратегии за одложување на стареењето и спречување на болести поврзани со стареење соопштуваат кинески истражувачи, пренесува кинеската агенција „Синхуа“.

Со скрининг и идентификување на повеќе од 100 гени одговорни за стареење на човечки клетки, истражувачкиот тим покажа дека со исфлање или оневозможување на некои гени со помош на „ЦРИСПР“ може да го обесхрабри стареењето на човечките мезенхимални прејурсор клетки (хМПЦ). Меѓу гените што доведуваат до сенилност е и генот „КАТ7“ (хистонска ацетилтрансфераза) кој се смета за еден од катализаторите на стареењето.

Со исфлањето на „КАТ7“ се докажа ефикасно ублажувањето на клеточното стареење во експериментите на тимот, рече Жанг Веичи, истражувач на Институтот за геномика во Пекинг при Кинеската академија на науки. Научниците успеале да го намалат процентот на остарени клетки кај црниот дроб на стари глувци и го продолжиле животниот век на физиолошки старите глувци и оние со прогерија, кое претставува прогресивно генетско нарушување што предизвикува брза стареење на децата.

Новата генска терапија, заснована на оневозможување на еден ген или користење на „КАТ7“ инхибиторите, може да го продолжи животот на цицачите. Исто така, може да го забави стареењето на човечките клетки на црниот дроб. Тоа овозможува огромен потенцијал за нејзина примена во новата транслејшн-медицина, која е насочена кон целење на болести како што сега е насочена против стареење на луѓето.