Кинеските глечери на планините Килијан се топат со застрашувачка брзина, а тоа укажува на катастрофалните ефекти од глобалното затоплување.
Доколку глечерите продолжат да се топат по тоа темпо, научниците тврдат дека неповратните ефекти од климатските промени ќе бидат неизбежни во блиска иднина.
Планинскиот венец Килијан е долг 800 километри и е „дом“ на најголемите кинески глечери. Овие планини се наоѓаат во регионите Гансу и Кингхај, каде што се наоѓаат и најголемите „резерви“ на мраз на големи надморски височини.
Научниците спроведоа истражување на еден од најголемите глечери, наречен Лаохугу, кој зафаќа површина од 20 квадратни километри и се наоѓа на северниот венец на планините Килијан. Првпат бил проучен во 50-тите години од минатиот век, а по новото истражување се покажало дека е намален за 7 проценти. Научниците ја анализирале животната средина и откриле дека количеството вода во близината на глечерот е двојно зголемено во последните 60 години. Исто така, друга студија заклучила дека стапката на топење на глечерите на планините денес е за 50 проценти поголема отколку во минатото.