Кинеската провинција Сичуан, која пред 10 години беше разурната од силен земјотрес, при што 87.000 луѓе загинаа, секоја година ја посетуваат неколку милиони туристи.

Иако од земјотресот е помината деценија, некои делови од градот и натаму изгледаат како кобниот ден, токму како времето да запрело.

Милион луѓе останаа без своите домови, а 87.000 загинаа.

Сепак, во овој град разурнатите згради ги чува тим од 200 луѓе како спомен на оние што умреле.

Сичуан го посетуваат милиони туристи секоја година за да ги видат урнатините, а локалните водичи се задолжени да раскажат и покажат што се случило кобниот ден.

Телата на илјадници жртви и натаму се наоѓаат под урнатините.