Кина има нова стратегија во обидот да се бори против компаниите што ги кршат правилата за загадување и има намера да ги користи нивните податоци против нив. Кина ќе лансира платформа на први март што ќе им овозможи на јавноста и на официјалните лица да го следат и да го проучуваат нивото на емисии во реално време и да утврдат дали фабриките и институциите ги кршат правилата за загадување. Во теорија, производителите може да бидат фатени на дело и принудени да го почитуваат законот, пренесува „Ројтерс“.
Кинеските компании мораат да добијат дозвола за испуштање загадувачи во атмосферата, но властите претходно имаа проблеми со собирање на потребните информации, а фирмите фалсификуваа податоци или одложуваа да одговараат на барањата за пристап до информации. Оние што го кршат законот се соочуваат со дневни казни, а оние што намерно го избегнуваат надзорот се соочуваат со апсење.
Меѓутоа, новиот систем бара од компаниите да постават опрема за следење и да ги чуваат податоците најмалку пет години. Компаниите што не ги исполнуваат условите плаќаат казна од околу 31.000 долари, а оние што го прекршуваат законот за загадување треба да платат околу 154.600 долари.
Новиот систем може да не биде усвоен насекаде, особено во земјите каде што јавното објавување податоци може да биде недостаток на конкуренцијата. Зголемувањето на загадувањето може да биде резултат на зголемување на бројот на клиенти, но податоците сепак ќе ѝ помогнат на Кина во борбата против загадувачите и ќе го намалат нејзиниот придонес кон смогот и климатските промени.