Кина и Русија имаат намера да потпишат договор за соработка во проектот за изградба на истражувачка база на Месечината.
Базата наречена Меѓународна станица за истражување на Месечината (ИРЛС) е всушност кинеска идеја, а планот е да се направи роботска база на јужниот пол на Месечината. До средината на 2030-тите години тие очекуваат кратки мисии со екипаж, а долгите мисии се очекуваат помеѓу 2036 и 2050 година. Следниот чекор се кинеските мисии „Чанг“ и руската мисија „Луна 27“.
Двете страни истакнуваат дека засега станува збор само за принцип на договор, така што не е познато како ќе изгледа станицата и какви можности ќе има.
Договорот меѓу Русија и Кина не е изненадување, особено што во последно време се заладија односите меѓу рускиот „Роскосмос“ и американската НАСА.
Исто така, и некои други земји би можеле да му се приклучат на проектот.