фото: Принтскрин

Северна Кореја забрани граѓаните да носат кожени јакни, откако овој моден детаљ му стана омилен на лидерот на земјата, Ким Јонг-ун.
Ким кожениот капут го облече првпат во 2019 година и оттогаш оваа облека стана популарна меѓу поелитистичките кругови во земјата, кои со овој гест сакаа да ја покажат својата лојалност кон лидерот.
Меѓутоа, неодамна трендот со кожените јакни стана подзасилен, па „модната полиција“ нареди да се затворат местата во кои се изработуваат кожени капути, како и тоа дека луѓето веќе не смеат да ги носат, со изговор дека со тоа може да се доведе во прашање изгледот на Ким Јонг-ун .

– Полицијата вели дека носењето капут со цел да изгледа како лидер е тренд со кој се оспорува авторитетот на Ким. Власта ѝ забрани на јавноста да ги носи – вели извор за радио „Фри Азија“.
Слични јакни, како онаа на Ким, почнаа да се појавуваат во септември годинава, кога повторно се разви трговијата меѓу Северна Кореја и Кина.
Тоа им овозможи на трговците да почнат да набавуваат синтетичка кожа и да прават јакни.