Ким Кардашијан ја додаде титулата милијардер во својата биографија.  која започна деловна кариера со козметика и долна облека надвор од ријалити-шоуто „Дружење со семејството Кардашијан“ вчера за првпат во вторникот се најде на листата на светски милијардери на магазинот „Форбс“.

„Форбс“ проценува дека Кардашијан (40) „сега вреди една милијарда долари, за разлика од 780-те милиони долари во октомври, благодарение на два профитабилни бизниси – ККВ и Скимс – како и парите од ријалити-шоуто, други договори и голем број помали инвестиции “.

Проценката на „Форбс“ значи дека Кардашијан ќе му се придружи на нејзиниот наскоро поранешен сопруг Канје Вест во клубот на милијардери. Магазинот вчера ја процени нето-вредноста на Канје на 1,8 милијарди долари, воглавно од бизнисот со неговите спортски патики и модна линија „Јизи“.

Полусестрата на Ким, Кајли Џенер, го загуби статусот милијардер, потврди „Форбс“ во вторникот.