Киану Ривс како Нео и Кери Ен Мос како Тринити се враќаат во „Матрикс“, според првите снимки што „Ворнер брос“ ги покажа на настан во Лас Вегас. Студиото го објави целосниот наслов „Матрикс: воскреснувања“ на „Синемакон“, годишната национална конвенција за сопствениците на кина.

Ривс (56) и Мос (54) немаат „изгубено чекор“ на екранот откако поминаа повеќе од 20 години од снимањето на првиот филм „Матрикс“ во 1999 година.

Во последниот дел, двајцата живеат во свет во кој исчезнала дури и нивната љубов што го менува универзумот. Тие не се сеќаваат на нивните минати животи. Нео со долга коса и брада му кажува на својот психијатар (кој го игра Нил Патрик Харис) за неговите немилосрдни спомени и прашува: „Дали сум луд?“. Потоа налетува на Тринити во кафуле и приказната започнува повторно.

„Ворнер брос“ не даде никакви детали за заплетот на филмот, во кој Лана Вачовски се враќа на режијата.

Во продолжението на „Матрикс: воскреснувања“ играат и Јахја Абдул-Матеин II, Џесика Хенвик, Џонатан Гроф, Џејда Пинкет Смит и Даниел Бернхард.
Филмот ќе се појави во кината и на Ејч-би-о макс на 22 декември.