Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, денеска е пренесена во една приватна болница во Лондон каде ќе се породи, соопшти Кесингтонската палата.

Кејт Мидлтон утрово била пренесена во приватната болница Сент Мери во центарот на Лондон, а Палатата соопшти дека таа е во „рана фаза на породување“.

Британските медиуми, како и граѓаните, веќе со часови го чекаат доаѓањето на следниот член на кралското семејство. 

Полот на детето не е соопштен, а оваа кралска двојка која е во брак од 2011 година, веќе има две деца – четиригодишниот принц Џорџ и двегодишната принцеза Шарлот кои се родени во истата болница, каде што биле родени и престолонаследникот Вилијам и неговиот помлад брат, принцот Хари.