Кејт Мидлтон роди машко дете во приватниот оддел на болницата Сент Мери во лондонски Педингтон, каде што порано ги роди принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Пред болницата се собрани многу обожаватели на кралското семејство.

Ниту Кејт, ниту, пак, Вилијам не го знаеле полот на детето пред да се роди.

Британците сега со нетрпение очекуваат кралскиот дворец да го објави името на малиот принц.