Кејт Мидлтон (лево) и Меган Маркл

За да се приклучат на кралското семејство Меган Маркл и Кејт Мидлтон морале да поминат многу интензивна обука за безбедност, пренесува „Мари Клер“.

Влезот во кралското семејство е комплесна работа. Покрај кралските протоколи што треба да ги научат и медиумското следење што треба да го трпат, Кејт и Меган исто така требале да поминат и низ речиси бизарно интензивна програма на обука за безбедност.

Во нивната кралска биографија „Наоѓање на слободата: Хари, Меган и создавање на модерно кралско семејство“, авторите Омид Скоби и Каролин Дуранд ја опишале обуката што ја поминала Меган Маркл, како истата што ја поминала и Кејт Мидлтон веднаш по нејзината венчавка со принцот Вилијам во 2011 година.

– Меган учествуваше во исценирано киднапирање, во автомобил со „терористи “, однесена на непозната локација, а потоа „спасена“ од полицајците кои пукаат со лажни пиштоли (какви што се користат во холивудските филмови) за да биде пореално. За време на лажното киднапирање, Меган била обучувана да воспостави врска со киднаперите. Таа исто така добила упатства за тоа како да вози автомобил кога е следена – според авторите на книгата.

Не е за изненадување што извор близок до Маркл им раскажал на авторите дека тоа е било „крајно напнато и застрашувачко искуство“ за војвотката од Сасекс.