Кејт Винслет, Дајан Китон и Мија Васиковска ќе се појават во „Blackbird”, обработка на данската драма на Били Огуст „Тивко срце“ од 2014.

Филмот е во продукција на Милениум Филмс, а режисер ќе биде Роџер Мичел.

Приказната е за жена која страда од амиотропска склероза, и се бори за право на еутаназија, во коешто не целото семејство ја поддржува.

Снимањето на филмот почнува наредниот месец.