Кејти Пери паднала во депресија поради релативно лошата продажба на последниот нејзин студиски албум „Witness“ од 2017 година.

Тој ја достигна продажбата од 180.000 примероци, за разлика од албумот од 2012 година, „Prism“, кој беше продаден во околу 286.000 примероци.

– Имам бранови на „последична депресија“, срцето ми беше скршено лани, оти несвесно му дадов многу голема важност на мислењето на публиката. А, таа пак, реагираше онака како што не очекував… Тоа ми го скрши срцето – изјави поп пејачката во интервју за „Вог“, проследено со фото-сесија со неа.

Таа натаму им препорачува на своите колеги, и на пријателите – да не потклекнуваат пред разочарувањата.

Пери е во врска со глумецот Орландо Блум.