На победничката на „Американскиот идол“ Кели Кларксон, актерот Зак Ефрон и на британската sвезда Бенедикт Камбербач, ќе им бидат посветени златни ѕвезди на Холивудската патека на славните во 2021 година.
Шиа Лабуф, Миси Елиот и пејачот текстописец на „Американска пита“, Дон Меклин, беа исто така меѓу 35-те ѕвезди на филм, телевизија и музика најавени во четвртокот (18 јуни) од страна на Стопанската комора на Холивуд, која управува со познатата алеја на ѕвездите, една од главните туристички атракции на филмската мека.
На покојниот италијански оперски пејач Лучијано Павароти и драматургот добитник на Пулицерова награда, Август Вилсон, ќе им бидат доделени sвезди постхумно.