Дали го познавате вашиот Грифиндор од вашите дементори? Кој беше полукрвниот принц? Што можете да купите во Оливандерс?
Обожавателите на Хари Потер можат да го проверат своето знаење за книгите и филмовите во новата серија ТВ-квизови што ги лансира „Ворнер медиа“, за да се емитува подоцна оваа година, како дел од прославата на 20-годишнината на првиот филм во авантурите на момчето волшебник.
„Ворнер медиа“ соопшти дека кастингот е отворен за обожавателите што сакаат да учествуваат во четири едночасовни квизови. Квиз-емисиите ќе бидат дел од петдневни ретроспективи, со појава на ненадејни гости во она што „Ворнер медиа“ го нарече „Плеј алонг“, компонента во која обожавателите на Потер може да учествуваат со тоа што ќе се облекуваат дома.
Таканаречените специјални емисии ќе бидат емитувани на Ејч-би-о макс, Картун нетворк и на Ти-би-ес подоцна оваа година.