Каусија – шапката на Античките Македонци

Каусијата била машка шапка, која се носела од страна на Античките Македонци, била составен дел од декорот на македонската кралска елита. Нејзиниот приказ може да се сретне на најразлични фрески, монети и статуи на територија што се простира од Средоземно Море до Централна Азија и северозападна Индија. Оваа шапка станала популарна по походот на Александар Македонски во Азија и по освојувањето на Персиската Империја. Модерен потомок на ова шапка е паколот – традиционална шапка во Авганистан и во Пакистан.