И оваа година во ритамот на самбата во Рио де Жанеиро дење и ноќе без прекин ќе се движат неколку милиони учесници и гости.

Познатиот „Самбадром“ во Рио де Жанеиро повторно е центар на најголемиот, најлудиот и највеселиот карневал на светот.

Почнува секогаш в петок, со крунисување на дебелиот крал Момо, кој потоа добива сребрен и златен клуч на градот од градоначалникот на Рио.

Околу два милиони луѓе поминуваат денови и ноќи на улиците на Рио во лудиот ритам на познатата самба. Навечер, во експлозија на бои и музика, се одржуваат натпревари на најдобрите. Во жестока конкуренција, се оценуваат кореографии, атмосфера, костими, организација и пеење.

Карневалот службено трае до 26 февруари.