Основната цел за надградбата на овој бизнис на индустриско ниво е одговорното шумарство. За секои три исечени дрва, две или три ќе бидат засадени и ќе им се овозможи да растат во оптимална големина пред сечата

Гигантот за производство на пијалаци „Карлсберг“ заедно со данската стартап-компанија „Пабоко“ работи на дизајнот за шише за пиво изработено од хартија, кое ќе може да се рециклира по употребата, или кога ќе се фрли тоа ќе се распаѓа (биоразградува) безопасно во околината.

Моменталниот прототип е направен од реконструирана дрвена плута со метално капаче, иако во тек се планови за дизајнирање зацврстувачко капаче направено од биоразградлив материјал или од чиста хартија. За да се спречи шишето да не се замаглува, тоа е обложено со тенок слој на полиетилен фураноат или ПЕФ – цврста, целосно рециклирачка пластика изработена од растенија наместо масло, процес што е помалку штетен за животната средина.

Основната цел за надградбата на овој бизнис на индустриско ниво е одговорното шумарство. За секои три исечени дрва, две или три ќе бидат засадени и ќе им се овозможи да растат во оптимална големина пред сечата. Новозасадените дрвја можат да врзат повеќе јаглерод диоксид од постарите, така што циклусот на често собирање и садење помлади дрвца апсорбира повеќе јаглерод диоксид отколку шумата што е оставена да созрее и да престане да расте.

Од „Карлсберг“ велат дека нивното еколошко изработено шише претставува важен чекор до нивната амбиција да ги искоренат од употреба стаклото и металните лименки. Оттаму првично се надеваат дека ќе понудат картонски шишиња како алтернатива, можеби некаде за две години.

Данската пиварница е формирана со еколошки иницијативи. Во 2018 година таа го лансира „Снеп Пек“, каде што лименките пиво се прикачени заедно во мултипакувања со употреба на лепило што може природно да се распаѓа, наместо да се врзуваат со пластични прстени, намалувајќи го отпадот од пакување за повеќе од 1.200 тони годишно – што е еквивалентно на 60 милиони пластични ќесиња.
„Пабоко“ работи на слични иницијативи за изработка на еколошко шише за брендовите, како што се „Апсолут Вотка“, „Кока-Кола“ и „Лореал“.