Канскиот филмски фестивал кој лани беше откажан поради пандемијата на ковид-19, годинава го помести вообичаениот термин од мај во јули, со надеж дека ќе може да се одржи со публика и гости.

Организаторите објавија дека фестивалот ќе се одржи од 6 до 17 јули. Лани на двапати го одложуваше, за јуни, па за јули, и на крај целосно го откажа, пренесува „Асошиејтед прес“.

Организаторите се цврсто решени фестивалот да се одржи годинава, иако се уште не го објавија форматот.

Лани само Венецискиот филмски фестивал се одржа со публика и гости, а годинашното Берлинале ќе има онлајн настани во март, додека филмските награди ќе бидат доделени налето.

За време на пандемијата, славната фестивалска палата се користеше за третман и хоспитализација на ковид-пациенти, а од неодамна и како центар за вакцинација.