Малиот канадски град Асбестос неодамна го смени името. Тој сега има 7.000 жители, а некогаш тука активно работеше најголемиот рудник за азбест во светот. Меѓутоа, со гласање на жителите сега градот се вика Вал-де-Сорсис.
Местото е оддалечено 150 километри од Монтреал, а новото име го бараат граѓаните, кои имаат 14 и повеќе години. Во третиот круг гласале повеќе до 51 отсто од жителите. Градоначалникот Хју Грималд вели дека новото име е „инспирација за иднината“. Во потесниот избор беа и имињата: Ларошел, Феникс, Лазур де Кантонс и други.
Асбестос нема веднаш да ги смени своите патокази и табли, бидејќи одлуката ќе биде официјална кон крајот на годината. Според градоначалникот, тоа ќе биде „убав божиќен подарок за сите жители“.