Тајланд сè уште е отворен само за оние што сакаат да поминат две недели карантин во хотелска соба, но дизајнираната кампања „Патување за слободни“ е насочена кон локалното население. Туристичката организација на Тајланд се здружи со Тиндер, популарна апликација за средби. Целта на оваа соработка е да се промовираат туристички аранжмани дизајнирани да се запознаат едни со други.
ТАТ дизајнира девет правци, а тие почнуваат со три тест-патувања, па доколку се покажат успешни – одат понатаму. Првото крстосување по реката Чао Праја во Бангкок со 100 самци беше организирано на 20 декември. По патувањето, самците заминаа на вечера во друштво на експерти за фенгшуи.
Другите две патувања се забава на плажа и концерт во Пукет, како и патување со воз до браната Па Сак Јоласид во провинцијата Лопбури. Закажани се за јануари 2021 година. Групите ќе имаат најмногу 50 лица.
„Патувања за слободни“ е втора иницијатива во низата идеи за поттикнување на домашниот туризам среде пандемијата.
Првата беше „Лет до никаде“, реализирана во ноември. „Таи ервејс“ организира лет без крајна дестинација, односно „Лет до никаде“. Патниците полетаа и се вратија во Бангкок, летајќи над 99 свети будистички места низ целата земја.