Италијанската мафија Камора го нарача убиството на еден од нејзините најголеми противници – кучето-трагач кое му нанесе милионска штета на организираниот криминал, пишува британски „Дејли мејл“.

Станува збор за деветгодишен пес од расата Џек расел териер, наречен Почо, кој досега откри повеќе од две тони нелегални супстанци во акциите на полицијата од Неапол. Камора е подготвена да плати пет илјади евра за ликвидацијата на кучето.

Почо му припаѓал на доктор што живеел во близина на фудбалскиот стадион „Сан Паоло“, но тој го подарил песот на полицијата откако открил дека неговиот син е алергичен на крзното на кучето.

Полициското куче неодамна открило голема пратка кокаин. Постојат информации дека Камора се обидувала да го отруе Почо, поставувајќи мамец во нејзините пратки, пред да ја распише наградата за негова ликвидација.

Почо е цел на италијанската мафија Камора