Славната актерка Камерон Дијаз го претстави својот бренд за вино „Авалин“, заедно со нејзината партнерка, претприемачка во индустрија за мода и авторка Кетрин Пауер.

Во соопштението за печат тие објавија дека ги здружуваат силите за да го обезбедат она што го опишуваат како вегански пријателски, чист и органски бренд за вино. Палетата вина на „Авалин“ вклучува бело вино и розе, а едно шише чини 20 долари.  

– Сѐ почна пред две години, едно убаво попладне во Лос Анџелес. Со Кетрин сфативме дека знаеме и внимаваме што сè содржи она што влегува во нашите тела – па, зошто да не и виното – објаснува Дијаз.

Пауер ја објасни желбата да се создаде „чисто“ вино.

– Научивме дека повеќето вина не се прават со органско грозје и дека може да се манипулира со над 70 адитиви. Ова целосно го смени начинот на кој размислувавме за тоа. Една од нашите главни цели е да ја зголемиме застапеноста на чистото вино на пазарот и да биде достапен таму каде што нашиот потрошувач веќе купува – вели Пауер.

Авалинското грозје се одгледува во сертифицирани органски лозја, без хемиски пестициди, се вели во соопштението.

Почнувајќи од вчера „Авалин“  може да се купи преку интернет по цена од 20 долари за  шише. Нивниот бренд исто така има намера да го продава виното на сопствена интернет-страница.

Со мотото „Наточете со самодоверба, уживајте, повторете“, „Авалин“ може да ја збогати летната понуда во светот на славните што веќе се во бизнис на производство на вино.