Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њузом, открива дека филмските и ТВ-продукции би можеле да продолжат со своите активности на 12 јуни, откако со месеци беа прекинати поради опасноста од коронавирусот. Се чека одобрението од локалните здравствени власти.

Во март, Светската здравствена организација го прогласи коронавирусот за пандемија што предизвика цивилизациите во светот да преземат дополнителни безбедносни мерки против агресивното ширење на заразата. Затворајќи голем број тематски паркови, киносали и ресторани, коронавирусот ја стави во застој целата забавна индустрија, вклучувајќи ги и филмските и телевизиските продукции.

Во обид да се спречи ширењето на коронавирусот, многу очекуваните филмски наслови, како „Бетмен“, „Светот Јура 3“ и „Матрикс 4“, беа принудени да го запрат снимањето, испраќајќи ги ѕвездите и членовите на екипажот дома на неодредено време.

Откако Холивуд ги затвори своите врати, популарните ТВ-серии, вклучувајќи ги „Живи мртовци“ и „Вовед во анатомија“, ги одложија своите сезонски финалиња до дополнителното известување.

Државите на САД постепено ги олабавуваат рестриктивните мерки, дозволувајќи им на холивудските студија да продолжат со работа, како и да ја реактивираат забавната индустрија. Неодамна беа формулирани и посебни упатствата за рестартирање на филмските продукции во услови на пандемија. Условите вклучуваат одржување физичко растојание на сетовите, актерите да носат заштитна опрема и дневно следење на симптомите.

Сега се чини дека Холивуд би можел да се врати во бизнисот порано од предвиденото.