Калифорнија има еден неверојатен брег, кој не е формиран на вообичаен начин. Односно човекот одигра важна улога во неговото создавање. Кога фрламе ѓубре на плажа, не ѝ правиме услуга на нашата планета – тоа негативно влијае на почвата, воздухот и водата и е повеќе од познато. Покрај тоа, ѓубрето влијае на природата и ја уништува естетиката на природните убавини. Сепак, постои едно место што е исклучок од овој последен искажан факт.
Станува збор за стаклената плажа, која се наоѓа во „Макерикер стејт парк“ во близината на Форт Брaг. Оваа уникатна плажа го доби своето прекрасно покритие благодарение на небрежноста на луѓето кон природата. На почетокот на 20 век, жителите на Калифорнија фрлале ѓубре по должината на брегот северно од Форт Браг. Во децениите што следуваа, фрлале стари возила, апарати за домаќинство и, најчесто, стакло. Оваа импровизирана депонија порасна толку многу, што жителите на овој град неколкупати беа принудени да горат делови од неа.