Сигурно е дека чевлите со потпетици никогаш не излегуваат од мода, но како тие ја сменија модата во однос на различните временски периоди?

1600: Во 17 век, проститутките во Венеција носеле чевли со потпетици за да добијат висина. Подоцна, аристократите го прифатиле овој стил за да не им се влече облеката низ калливите улици.

1700: Чевлите со потпетици биле популарни и кај мажите и кај жените, особено во Франција. Таму ги носеле со ист жар и Луј Четиринаесетти и Мадам де Помпадур.

1800-ти: Од викторијанската ера до денес, чевлите со потпетици се сметаат за карактеристика на дамите и жените со стил.

1900-ти: Потпетицата во овој период е пониска, но чевлите знаеле да бидат длабоки, особено кога биле во форма на чизми. Страничните копчиња, кои одат по должината на ногата, биле исклучително популарни.

1910-ти: Значајна карактеристика на овие години е што чевлите со високи потпетици станаа попрактични и суптилни. Свилените чевли почнаа да бидат присутни, а црните во тоа време веќе беа задолжителни.

1920-ти: Кога должината на здолништето се намали, чевлите конечно можеа да се видат во целост. Како резултат на тоа, пожелни станаа деталите, особено предното закопчување.

1930-ти: Гламурот на стариот Холивуд донесе со себе имагинативни форми, па дури и на базен се носеа штикли. Ова е исто така време кога првпат се појавуваат чевлите на платформа.

1940-ти: Потпетиците се повисоки, предниот дел е подебел, а украсите во форма на цвет или лак прават чевлите да изгледаат позабавно. Поплиткиот преден дел и ремените дадоа специфичен вамп-изглед.

1950-ти: Деликатните чевли на потпетици со ленти и папучи на платформа, ја ставија женственоста во преден план.

1960-ти: Тенките потпетици и блок-потпетиците ги обележаа шеесеттите години на минатиот век. Чевлите се истакнуваа во боја што одговараше на бојата на парчето облека, но и оние во металик сребрена нијанса.

1970-ти: На сцена стапија дрвените кломпи и налани, заедно со ПВЦ-материјали и дискогламурот. Мокасините добија потпетици, а сандалите станаа посмели.

1980-ти: За осумдесеттите години на минатиот век се карактеристични неонските бои и модели. Сепак, белите сатенски шпицести чевли со тенки потпетици беа задолжителни на свадби и други прослави.

1990-ти: Исклучително високи потпетици, нагласени платформи, издолжен преден дел и чевли во комбинација со чорапи до колена ги обележаа 90-тите години од минатиот век.

2000: Класичните сандали со потпетици и чевлите со отворени прсти беа речиси на секоја нога пред дваесет години.

2010-2020 година: Нитни како украс, необични потпетици како скулптури, враќање во седумдесеттите години, беж бои, ова се само некои од карактеристиките што ги обележаа чевлите во последните десет години.